Од година во година се надоградувавме и усовршувавме, а со секој нов проект добивавме нови знаења. Денес МАГ Комерц нуди широк асортиман на производи од областа на метални сталажи, колички за пазарење, влезно излезни системи, каси, и друга дополнителна опрема за супермаркети, дисконти, магацини, бутици, парфимерии, аптеки итн.
Нашиот професионален тим за инсталирање на опремата постојано се надоградува посетувајќи разни обуки. Во зависност од видот и обемот на задачата ние вршиме надзор и организација до конечната испорака на опремата за нашите клиенти. Ние доставуваме и инсталираме опрема низ целата земја и во странство, каде што нашите искусни тимови на високо квалификувани професионалци гарантираат брза и ефикасна монтажа на опремата во Вашата продавница.
Желбата да создаваме убави и функционални објекти ни помогна да ја добиваме довербата на се поголем број задоволни клиенти, а со тоа и ја развиваме нашата мрежа на производи и услуги.
Денес сме официјални застапници на повеќе светските брендови чија што доверба се темели на долгогодишна взаемна соработка и заеднички изведени успешни проекти.
Проктирање на идејни решенија за секаков тип на продажни објекти и магацини, следење на модерните трендови ни овозможуваат да бидеме чекор пред конкуренцијата.
Ваште желби се наш предизвик за модерни објекти.
МАГ Комерц продолжува со следење на светските трендови и новитети во својата област.
Наша цел се успешни и задоволни клиенти!