Политика за квалитет

Друштвото МАГ КОМЕРЦ својата политиката на квалитетот ја доживува како основен начин на делување и извор за постојано унапредување во компанијата. Високиот степен за системот за управување со квалитетот е темел на работењето и постојаното унапредување. Големо внимание се посветува на задоволството на купувачите, нашите партнери и вработени, како и во изградба на имиџот на компанијата. Друштвото МАГ КОМЕРЦ доследно ги почитува законите, прописите и стандардите во секој аспект на работење.

Друштвото МАГ КОМЕРЦ се определи за процесниот систем за управување со квалитет според нормата ISO 9001:2008. Нашиот деловен успех докажа дека само со таквиот начин на работа може да се оствари напредок, а што е уште поважно да се изгради работно опкружување во кое сите добиваат.

Компанијата се поддржа на своите деловни активности со употреба на ISO 9001:2008 системот, а во насока дистрибуцијата на овластувањата и одговорностите на целата организација, да премине од степен на контрола, на степен на надзор. Раководството зема учество во сите процеси и дава целосна поддршка во развојот на системот.

Запознавањето на важноста и почитување на ISO 9001:2008 нормата – системот за управување со квалитетот е присутна кај секој наш вработен, од причина дека системот се гради на квалитетна работа и одговорност на секој поединец. На секој вработен постојаното усовршување на своето работно место му е должност и обврска, зошто само на тој начин можеме да го подобриме квалитетот на нашата работа.

Превземете – Сертификат за Систем за Управување според EN ISO 9001:2008